Фудбалскиот репрезентативец на Гана, Кристијан Атсу, е пронајден мртов под урнатините на својот дом во Турција. Фудбалерот е најде речиси две недели по катастрофалниот земјотрес, потврди неговиот менаџер.
Триесет и едногодишниот Атсу играше за англиските клубови Евертон, Челзи и Њукасл, пред да ја продолжи кариерата во турскиот прволигаш Хатајспор.
Се водеше како исчезнат од 6 февруари, од уривањето на неговата зграда во Хатај. Од клубот на почетокот објавија дека бил извлечен од урнатините и дека бил жив, што беше демантирано по неколку дена.
„Со тешко срце морам да соопштам дека телото на Кристијан Атсу утрово беше пронајдено“, рече менаџерот Нана Секере.
За потсетување, Атсу дојде во Челзи во 2013. За лондонскиот клуб не настапи ниту еднаш, туку беше позајмуван.
Од 2017 до 2021 играше за Њукасл, а на Хатајспор му се придружи во септември 2022 година. За репрезентацијата на Гана одигра 65 средби и постигна девет гола. Настапи на Светското првенство во 2014 и беше африкански вицешампион во 2015.