Фудбалски тренер загина во сообраќајка, 11 деца кои ги возел на натпревар се потешко повредени

Фудбалски тренер загина во сообраќајка, 11 деца кои ги возел на натпревар се потешко повредени

пред 1 година

Голема трагедија се случи во Франција, откако во тешка сообраќајка загина фудбалски тренер, а 11 деца кои биле под негова грижа се тешко повредени. Станува збор за 26 годишниот Антонин Елиа, кој со комбе ги возел децата од клубот на турнир кој требало да го играат наредниот викенд.

Несреќата се случила откако со комбето удрил во автобус кој доаѓал од спротивниот правец, по што излетале од патот. Тренерот починал на лице место, додека тринаесетгодишните деца се здобиле со потешки повреди.

„Сите сме во шок. Сите жалиме, целиот спортски свет. Добивме многу пораки со поддршка од нашите фудбалери, кошаркари, ракометари“, рече претседателот на клубот Фабиан Бернар. За тренерот имал само пофални зборови.

„Елиа е тренер на клубот од 2020 година. Беше страствен и популарен. Живееше за фудбалот. Нашите мисли се со неговото семејство. Најдобра почест која можеме да му ја оддадеме е да се вратиме на теренот. Ќе носиме црна лента на дресовите на наредните натпревари. Ќе има и минута молк.

Клубот е популарен по работата со младинските категории, на сеинорско ниво и во аматерскиот фудбал. Целиот клуб работи на развивање на млади играчи и засега добро му одив во проектот.

 

 

Share
Scroll to Top