Фјури пред 100.000 навивачи на Вембли ја одбрани светската титула

Фјури пред 100.000 навивачи на Вембли ја одбрани светската титула

пред 4 години

Тајсон Фјури ја одбрани светската титула во бокс тешка категорија. На „Вембли“ пред околу 100.000 навивачи го нокаутираше Дилијан Вајт во шестата рунда.

Фјури доминираше во текот на целата борба. Во шестата минута искористи едно невнимание и со страшен аперкат го нокаутираше противникот.

Вајт успеа да стане, но сепак немаше сила да продолжи. Судијата мораше да ја прекине борбата. За британскиот боксер ова е 32. победа во кариерата во која има и едно реми.

Share
Scroll to Top