Харви Вајнштајн побара да му биде поништена пресудата за силување

пред 4 години

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн (69) вчера побарал да му биле поништена пресудата за силување. Тој од Апелациониот суд во Њујорк, побарал да се отфрли пресудата и да се отпочне со ново судење, пренесува Танјуг.

За потсетување, Вајнштајн беше осуден во март 2020 година од судијата Џејмс Бурк, во судот во њујоршката општина Менхетн, на 23 години затвор.

Тој беше обвинет за напад врз поранешната помошничка Мими Хејли и за силување на глумицата Џесика Ман. Вајнштајн негираше и се бранеше дека постоела заемна согласност за сексуалните услуги. Негоите адвокати изнесоа неколку аргументи, но, на крајот пресудата беше донесена во корист на обвинителот.

Адвокатите на Вајнштајн го нарекоа судијата ужасно неквалификуван поради таквата строга казна. Тие сметаат дека тој направил неколку грешки, со што ја ускратил непристрасноста на поротата.

Доколку му биде поништена казната, Вајнштајн ќе се соочи со обвиненија од пет други жртви од Лос Анџелес во времето од 2004 до 2013 година, за што му се заканува казна затвор од 140 години.

Share
Scroll to Top