Харис Џиновиќ по разводот: Ако ме погоди песна во кола, плачам 300 километри

Харис Џиновиќ по разводот: Ако ме погоди песна во кола, плачам 300 километри

пред 10 часа

Харис Џиновиќ, кој пред неколку дена одржа концерт во загрепската Арена, неодамна повторно проговори за разводот. Тој вели дека, иако понекогаш плаче, разводот не го гледа како трагична ситуација.

„Тоа не беше турбуленција за мене. Разводот не е турбуленција. Милијарди бракови се распаднати, за мене тоа е нормална работа. Никој повеќе нема да живее со некого. Што сега? Нема, нема. Се има свој век на траење, не гледам на тоа трагично“, изјави тој за српски Блиц.

Се труди, вели, да ги контролира емоциите, иако тие понекогаш го совладуваат.

„Емотивен сум, но секогаш се трудам да ја замолчам таа емоција. Често им кажувам на пријателите, ако седнам во кола и ме погоди некоја песна, можам да плачам 300 километри. Така се случува, ми се појавуваат чудни емоции и солзите не можат да престанат“, додаде тој.

Во јавноста, сепак, вели, успева да ги контролира емоциите.

Share
Scroll to Top