Хејли Бибер била хоспитализирана поради проблеми со мозокот

пред 3 години

Сопругата на канадскиот пејач Џастин Бибер, Хејли Бибер била хоспитализирана поради проблемите со мозојот. Лекарите кои ја примиле велат дека веројатно проблемите настанале како последица на коронавирусот, пренесе TMZ.

Манекенката била хоспитализирана пред неколку дена откако побарала итна медицинска помош. Извори блиски до неа рекоа дека првите проблеми првпат ги почувствувала додека пешачела, а симптомите кои ги добила биле типични за постари луѓе.

Тие рекоа дека Хејли направила неколку прегледи во болницата за да потврди дали станува збор за проблеми поврзани со короната. Таа сега е пуштена од болница, но докторите и понатаму ја истражуваат причината за нејзините проблеми.

За потсетување, нејзиниот сопруг Џастин неодамна го откажа концертот во Лас Вегас поради зараза со корна, но тој сега се опорави од болеста.

Share
Scroll to Top