Хит комедијата „Обвинителка“ ќе има премиера во Скопје

Хит комедијата „Обвинителка“ ќе има премиера во Скопје

пред 1 година

Хит комедијата ,,Обвинителка” на сцената на Националната опера и балет на 22 септември 2023 во 20.00 часот.

Комедија без вулгарности, комедија на ситуации со јасно изразени карактери и комедија која третира актулна тематика.

Автор на текст е Огнен Неделковски, режисер,Сашо Ристовски, сценограф е Крсто Богојевски, костимографија, Елена Лука и музика на Мишел Трајковски.

Улогите ги толкуваат: Лидија Вукиќевиќ (Србија), Магдалена Ризова-Черних , Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.

Како е да се биде бизнисмен? Обвинител или вработен во обвинителство? Кои средства се користат за спас од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време.Како и многу други прашања, самата претстава го дава одговорот.

Тоа што оваа комедија ги спои уметниците од Србија и Македонија е патоказ како треба да се работи во иднина на полето на културата.

По барање на публиката хит комедијата ,,Обвинителка” ќе гостува во Кочани, Кичево, Гостивар, Неготино, Велес и Струмица, а веќе следниот месец се предвидени гостувања и во дијаспората.

Претставата „Обвинителка“ е подржана од: Министерство за култура, Почесен конзулат на Република Србија со седиште во Охрид, НУЦК Центар за култура Штип, НУ Музеј на македонската борба, Компанијата Елена Лука, Тикен Холдинг и НУ Национална Опера и Балет.

Билетите за претставата се пуштени во продажба онлајн на mktickets и сите продажни места на mktickets низ цела држава.

Share
Scroll to Top