Овен
Доаѓаат некои вести што ги чекавте. Ова може да биде многу важен ден затоа погрижете се да не пропуштите ништо. Љубов: може да очекувате флерт. Полни сте со енергија денес. Работа: свртете се на забава, но не претерувајте. Здравјје: малку постабилно од претходните денови.
Бик
Интересните настани околу вас тешко дека ќе разбудат нешто во вас. Психички паднавте поради неодамнешните настани. Ова особено се однесува на постарите припадници на знакот. Љубов: не очекувате претерано големи промени на љубовно поле. Работа: немате доволно енергија за работа. Здравје: уморни сте.
Близнаци
Се обидувате да ја разбудите вашата креативност и да најдете инспирација во секојдневните работи. Само продолжете и сè ќе биде подобро. Љубов: доколку сте слободни, можно е да флертувате со личност која сте ја запознале преку пријател или на работа. Работа: не ја добивте поддршката што ја очекувавте, но веќе не ви е грижа. Здравје: проблеми со зглобовите.
Рак
Можно е да запознаете личност која ги дели истите интереси како вас. Може целосно да ви го разубави денот. Љубов: во вашата непосредна близина ќе запознаете интересна личност. Работа: не очекувајте премногу од денес, добри работи допрва доаѓаат. Здравје: намалете го внесот на кофеин.
Лав
Можеби сте имале некои непредвидени трошоци, ќе успеете да ја балансирате ситуацијата на вашиот финансиски план. Љубов: саканата личност ви покажува дека искрено се грижи вашата врска да напредува, но се чини дека не ја препознавате на свој начин и ја туркате сопствената приказна. Работа: денешниот ден ви носи многу предизвици кои ќе мора да ги надминете доколку сакате да бидете успешни во она што го работите. Здравје: ќе уживате во вашиот одмор.
Девица
Денешниот ден може да ви донесе помали компликации доколку во претходниот период сте имале лутина кон некого. Љубов: добро ви е и уживате во заедничките моменти. Работа: полека ви се отвораат нови деловни можности, но вие сте претпазливи да навлезете во нешто ново. Вие сте недоверливи. Здравје: проблеми поради стрес.
Вага
Склони сте да реагирате бурно кога некои околности не ви одат во прилог или ако луѓето не се однесуваат онака како што сакате. Љубов: се обидувате да шармирате некого, но тоа го правите на погрешен начин. Работа: не очекувајте големи промени сега. Ова е особено точно за оние кои неодамна започнале нова работа. Здравје: нагласено е лошото варење.
Шкорпија
Често помислувате на личност која на некој начин е поврзана со вашето минато, но и со вашата сегашност. Сакате да решите нешто, но не гледате начин. Љубов: ве очекува возбудлива ситуација со личност за која имате искрени чувства. Работа: ќе ги исполните очекувањата во блиска иднина. Здравје: вежбајте дома ако немате време да одите во теретана.
Стрелец
Го добивате вниманието од личноста или личностите за кои се грижите, но тоа некако не ви е доволно. Незадоволството е видливо на вашето лице. Љубов: лесно го покажувате својот интерес за личноста која ви се допаѓа и подготвени сте за врска. Работа: подготвени сте да им пружите на колегите некаква помош во работата. Здравје: здравјето ви е добро.
Јарец
Вашиот прв приоритет е да се посветите што повеќе на семејството, но некои членови на семејството мислат дека сте премногу напорни, па дури и наметливи. Љубов: малите разочарувања нема да ве поколебаат. Работа: ако сте чекале промени на деловното поле, ќе бидете пријатно изненадени. Здравје: посетете го стоматологот.
Водолија
Ви се допаѓа личност која може да биде поврзана со вашето деловно опкружување. Не е добро за вас, барем во овој период. Љубов: почекајте неколку поповолни денови за да ги признаете своите емоции. Работа: ефектот е добар, но сакате повеќе. Обидете се да не бидете алчни кога е работата во прашање. Некој може многу лошо да го протолкува. Здравје: не ве очекуваат здравствени проблеми.
Риби
Имате амбиции, но потребна ви е мала поддршка од околината. Повеќето од вас нема да го добијат затоа што не ги претставиле своите цели и желби на вистински начин. Љубов: можно е врската со партнерот да ви е во мала криза и сега да не се согласувате баш најдобро. Не паничете поради тоа. Работа: нарушена комуникација поради мали несогласувања. Здравје: грижете се за вашето грло.