Хороскоп за 11 декември: Рибите да избегнуваат караници, близнаците се задоволни од себе

Хороскоп за 11 декември: Рибите да избегнуваат караници, близнаците се задоволни од себе

пред 2 години

Овен
Размислувате за преселување. Бидејќи моментално не сте способни да донесувате правилни одлуки, обидете се да одложите сè што би довело до задоцнети последици. Засега не ги реализирате плановите. Почекајте поповолен момент. Извлечете поука од моменталната состојба.

Бик
Искористете го моментот, само со одлучна акција ќе го решите проблемот. Доколку ги вербализирате работите, тактизирате и се двоумите, можноста да пропуштите поволна можност е очигледна. Распнати сте меѓу желбите и можностите.

Близнаци
Одлично се чувствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Сè зависи од афинитетите. Некои од вас ги очекува деловна експанзија, некои се во нова интересна врска, некои почнуваат бизнис. Бидејќи денот е полн со пријатни возбудувања и изненадувања, препуштете му се.

Рак
Преокупирани сте со семејни проблеми. Сакате што побрзо да го решите станбениот проблем. Некои ќе имаат среќа во тоа и ќе успеат со минимален напор да ги остварат целите. Среќните околности ви одат од рака. Но, сепак, ви се советува јасен план и конкретна акција.

Лав
Искористите го оптимизмот и потребата за партнерство со цел да остварите интензивна тимска соработка. Денот е во знакот на друштвени и општествени контакти. Со Близнаците и со Девиците ќе ви биде многу полесно отколку што мислевте.

Девица
Благодарение на изразената ментална активност, влијаете на околината. Добивате заслужено признание во зависност од ситуацијата во која се наоѓате. Проблемот може да се јави во форма на конфронтација на мислења, посебно со партнерот. Толерантност, пред сè.

Вага
Настојувате да бидете во центарот на сите случувања. Можеби малку претерувате? Искористете го талентот за пропаганда и дарбата за говорење на адекватен начин. Не губете ја залудно енергијата на лица кои не го заслужуваат тоа. Може да бидете изневерени.

Скорпија
Плановите немаат врска со реалноста, шпекулациите, исто така, внимавајте. Посебно внимавајте околу својата склоност без напрегање да ги остварувате целите. Со Стрелците и со Близнаците соработката не е идеална. Половина од тоа што ви го нудат го фрлате во вода.

Стрелец
Само работејќи заборавате на лошата ситуација и проблемите. За депресија немате време, бидејќи работата е на прво место. Разни Лавови, Водолии, Јарци ќе се обидат да ве исфрлат од колосек, но нема да успеат во тоа. Ќе бидете смирени и ладни само како што знаете вие.

Јарец
Работата не може да чека. Доколку нешто пропуштивте, денеска со леснотија ќе го надоместите. Поради некого и нешто стравувате. Бидејќи сте имале лоши искуства, не сакате слични непријатности. Но не нервирајте се, тоа нема да се случи. Работете креативни работи.

Водолија
Ви се нудат две варијанти, а вам ви останува што ќе одберете. Бидејќи некои пријатели почнаа да ве оптоваруваат со агресивни постапки, пожелно е да ги елиминирате, барем на кратко. Скорпиите се обидуваат да ги разнишаат вашите ставови, бидете тактични.

Риби
Имате желба за комуникација и за усовршување на знаењето. Доколку се обидете правилно да насочите, посебно еден Близнак, ниту ќе успеете во тоа, ниту, пак, ќе се чувствувате подобро. Тој ќе ви ја одземе цела енергија. Затоа избегнувајте расправии и оптоварување на луѓето.

Share
Scroll to Top