ОВЕН
До вас пристигнуваат позитивни вести во врска со работата. Не е необично денес да размислувате за тоа, иако денот е совршен за незадолжителна забава. Ништо чудно затоа што ви пристигнува глас со кој сте деловно поврзани. Искористете ја таа привилегија.
БИК
Не сте во форма, а работа имате преку секоја мерка. Не сте способни да одговорите на сите обврски, можете да предизвикате потполн пад на енергијата и колапс. Прерасподелете ги вашите капацитети и одложете сè што може да почека поволен миг.
БЛИЗНАЦИ
Ќе ви се укаже шанса за активности кои ќе можат да ве наведат на идеја за придвижување на приватната работа. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера ќе ги мотивираат луѓето со кои можете да планирате самостојна работа.
РАК
Измислувате причини за свое незадоволство. Може вашите планови биле преамбициозни па дел од успехот што е остварен не го доживувате како нешто премногу позитивно. Ако не сте добиле сè, за вас тоа е како да не сте добиле ништо. Не претерувајте.
ЛАВ
Прифатете ги новите деловни обврски кои до сега сте немале можност да ги извршите. Имате шанса да соработувате со луѓето за кои вашиот начин на работа можеби е премногу конзервативен. Ако истраете во своите намери, ви следи награда за вложениот труд.
ДЕВИЦА
Имате шанса да отпатувате, но не далеку од местото на живеење. Разговор во кој ќе го имате главниот збор ќе заврши така што успешно ќе завршите важна работа која ќе ви ја подобри перспективата околу вашите финансии.
ВАГА
Полни сте со самодоверба и потполно сте свесни по кој пат треба да оди вашиот професионален развој. Не колебајте се, прифатете ја секоја понуда во овој миг иако не е примамлива на прв поглед. Останете во игра затоа што во прашање е исплатлива работа.
СКОРПИЈА
Пред вас е еден напнат период, известувањето за тоа пристигнува во текот на денот. Вестите кои ќе ги добиете нема да бидат пријатни, но ако се извлечете и реално ја согледате комплетната слика, ќе увидите дека е во прашање ретка можност која морате да ја искористите.
СТРЕЛЕЦ
Се чини како сите да подлегнаа на атмосферата која за ваш поим е премногу нездрава. Интензивно смислувате начини како да се ослободите од сите обврски и некое време да поминете изолирани од сите случувања. Бидете трпеливи и не размислувајте за повлекување.
ЈАРЕЦ
Амбициозни сте и на пат да остварите големи планови. Сепак, заборавате дека сите успеси пристигнуваат дури тогаш кога е вистинско време за тоа. За вас овој период не е клучен па однесувајте се во согласност со тоа. Ако планирате да патувате, размислете за одложување.
ВОДОЛИЈА
На вашите проблеми им се назира крајот. Тој мал жар кој остана во вас по периодот што е зад вас ќе биде доволен повторно да се придвижите. Искористете го денешниот одмор и темелно подгответе го теренот за периодот што е пред вас.
РИБИ
Во атмосфера на општ хаос, вашата рационалност е на ниво, прецизно правите разлика помеѓу важното и неважното, но другите луѓе тоа не можат да го следат. Тоа ве излудува, ако не најдете начин да го исфрлите вишокот тензија тоа ќе се случи таму каде што најмалку очекувајте.