Хороскоп за 24 ноември: тајна врска за Рибите, турбулентен работен ден за Девицата

Хороскоп за 24 ноември: тајна врска за Рибите, турбулентен работен ден за Девицата

пред 1 недела

Овен
Иако промените што доаѓаат се многу позитивни кога се гледаат на долг рок, сè ви изгледа како катастрофа во моментов. Љубов – Откривањето дека една личност работи зад вашиот грб може да влијае на вашиот однос со партнерот. Работа – Немате премногу верба во соработниците или нивните најнови идеи. Здравје – Направете пауза од алкохолот.

Бик
Прифатете некои факти и продолжете понатаму. Сепак, мора да се ставите себеси на прво место. Љубов – Се чувствувате како партнерот да ве кочи, но најверојатно грешите бидејќи и нему му е потребна помош и поддршка. Работа – Бидете креативни и прифаќајте нови работи. Здравје –  Проблеми со главоболка.

Близнаци
Чувајте ги вашите мислења и предрасуди за себе затоа што секој има право да го живее својот живот како што му одговара. Љубов – Не се затворајте во вашата школка. Бидете отворени со партнерот. Работа – Држете се до договорот. Здравје – Метеоролошки поплаки.

Рак
Имате можност во овој период да ги промените работите на подобро или на полошо. Прво размислете внимателно за секоја акција, па дури потоа дејствувајте. Љубов – Не бидете тврдоглави кога е во прашање вашата врска бидејќи не сфаќате дека во секунда работите можат да се променат. Работа – Другите не го следат вашето темпо и тоа ве нервира. Здравје – Циркулацијата може да биде проблем кај постарите лица.

Лав
Треба да бидете појасни и попрецизни за луѓето да ве разберат и прифатат. Не „виткајте ништо во хартија“. Љубов – Тешкиот период е зад вас и сега потрудете се сами да ја ставите врската на прво место. Работа – Нервите ви се на работ кога станува збор за одредени луѓе. Здравје – Стрес.

Девица
Доколку сте имале напнат период зад себе, сега е време за опуштање и одмор, но внимавајте кога станува збор за информациите што ги добивате од постара личност. Љубов – Не се занесувајте од некој што неодамна го запознавте или забележавте, особено ако веќе сте во врска или сте во брак. Работа – Турбулентен ден. Здравје – Стресот е она што ги предизвикува вашите здравствени проблеми.

Вага
Сите апетити ви се зголемени, не дозволувајте да правите грешки кои подоцна нема да можете да ги исправите. Љубов – Премногу флертувате, не размислувате за последиците. Работа – Малку повеќе досадно, но ништо страшно. Здравје – Проблеми со притисокот.

Шкорпија
Некои работи ги гледате појасно и ги прифаќате работите со помалку емоции. Тоа е најдобро за вас во моментов. Љубов – Ова е време за сериозни потези и важни одлуки. Работа – Извлекувате погрешни заклучоци и стресувате за работи кои воопшто не се проблем. Здравје – Проблем со спиењето.

Стрелец
Ако добро планирате се што правите сега и ако размислувате за секој следен потег, нема да погрешите. Се што непромислено ќе донесе проблеми. Љубов – Следните неколку недели ќе покажат дали сте згрешиле за една личност или не. Работа – За некои работи ќе треба да бидете трпеливи уште малку. Здравје – Пазете се од настинки.

Јарец
Дефинитивно треба да внесете ред во вашиот живот. Започнете со исхрана, а потоа со љубовта. Љубов – Вие сте оптимист, но можете да бидете и невнимателни, особено кога се работи за ветувања. Работа – Ќе бидете ослободени од некои обврски. Здравје – Проблеми со синусите.

Водолија
Ќе треба да му докажете на некого дека сте стабилни и да размислувате реално, ова најверојатно е поврзано со вашата работа. Љубов – Фантазирате за една личност која некако ви е недостапна. Работа – Ќе постигнете компромис со колегите. Здравје – Чувајте го ‘рбетот.

Риби
Ве очекуваат нови можности, а некои ќе ги сфатите многу брзо, па вашата среќа никогаш нема да заврши. Љубов – Тајни врски, флертување. Внимавајте ако сте зафатени. Работа – Сериозни промени. Здравје – Може да се чувствувате многу исцрпени на крајот од денот.

Share
Scroll to Top