Овен
Во попладневните часови ќе бидете поопуштени, а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски. Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните. Ќе имате успех во таа работа. Здравје и совет – Радувајте се, имате зошто.
Бик
Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење, а ќе има и можност за тоа. Вашите идеи добро напредуваат, а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали. Здравје и совет – Едноставно верувајте.
Близнаци
Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски. Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена. Здравје и совет – Преземете одговорност.
Рак
Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате. Здравје и совет – Ќе ширите позитивна енергија.
Лав
Вашата елоквентност, шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени. Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса. Здравје и совет – Бидете отворени.
Девица
Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување, но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето. Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата, ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува. Здравје и совет – Наспијте се.
Вага
Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни, а некои и директни. Можете да остварите повеќето од вашите идеи. Сите работи поврзани со луѓе, како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака. Здравје и совет – Ќе се чувствувате добро во својата кожа.
Шкорпија
Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома. Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите. Здравје и совет – Поврзете се со луѓето.
Стрелец
Освен што добро ќе се забавувате, во вас ќе расте потребата да бидете главни партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба. Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите. Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку. Здравје и совет – Разбистрете си го умот.
Јарец
Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив. Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно, се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет – Во добра форма сте.
Водолија
Секој има свој став, но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова. Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место. Здравје и совет – Бидете мудри.
Риби
Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но, внатре и натаму ќе чувствувате празнина. Можеби нема да бидете најдобро разбрани, па затоа држете се до професионалните стандарди и правила. Здравје и совет – Издржете.





