Хоспитализиран актерот Милан Лане Гутовиќ

Хоспитализиран актерот Милан Лане Гутовиќ

пред 3 години

Српскиот актер Милан Лане Гутовиќ (73), познат по улогата како директорот Среќко Шојиќ од култната серија „Тесна кожа“, во петокот итно бил примен на Воено – медицинската академија во Белград, каде бил тестиран на коронавирус.

Медиумите пишуваат дека актерот имал и хронични заболувања, па бил задржан на клиниката. Му бил направен брз тест, кој покажал дека е негативен на коронавирусот, а лекарите велат дека наскоро ќе му направат и подетални прегледи и ПЦР-тест.

„Не ми се јавувајте, во болница сум, тестиран сум на коронавирус. Штом разговарам со вас, значи добар сум“, им рече Гутовиќ на новинарите.

Наводно, Гутовиќ веќе неколку дена се чувствувал лошо, а минатата недела веќе бил на преглед во белградска клиника, но за други поголеми здравствени проблеми.

„Се сеќавам како дете на многу епидемии. Имаше епидемија на беснило, дифтерија, мали сипаници, шуга. Последната беше епидемија на големи сипаници. Сите тие наликуваа едни на други, но оваа сепак се разликува на некој начин од оние што веќе ги преживеав. Тоа е паничен страв на луѓето кој може да има само една причина. Се чини дека животот стана многу поскапоцен отколку кога бев мал, но, јас не го забележав тоа“, рече во едно од своите последни интервјуа Гутовиќ.

Покрај во „Тесна кожа“, Гутовиќ има глумено и во „Лав во срце“, „Бела лаѓа“, но и во неколку монодрами.

Share
Scroll to Top