Главниот уредник на хрватскиот неделник „Глобус“, Здравко Милиновиќ, постхумно ѝ се извини на актерката Мира Фурлан за медиумски натписи од 1991 година. Тој во коментар објавен но весникот „Јутарњи лист“, се извини за објавениот фељтон во три продолженија на страниците на овој неделник.
Тој призна дека редакцијата во деведесетите години учествувала во медиумскиот линч против глумицата, што се водел во Хрватска, за време на распадот на Југославија. Фељтонот бил објавен во есента 1991 година, по учеството на Фурлан на фестивалот „Битеф“ во Белград.
„Во нашето монографско издание по повод 30 години од излегувањето на ‘Глобус’ не се двоумевме да се сетиме на своите големи промашувања и неуспеси. Но, се чини дека е полесно да се паметат успесите. Попрво би се сетиле на добрите приказни отколку на промашувањата кои знаеле да имаат катастрофални последици“, пишува Здравко Милиновиќ.
Медиумскиот линч од 1991 година е периодот кога Мира Фурлан добила отказ од Хрватскиот народен театар и останала без својот стан во Загреб. Таа била и во врска со српскиот режисер, Горан Гајиќ, што била дополнителна причина за пишувањата и нападите против неа.
„Но, вистината боли. Затоа ‘Глобус’, барем сега и барем предоцна, мора длабоко да се поклони и длабоко да се извини“, пишува главниот уредник на неделникот.
За потсетување, актерката Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст од западнонилска треска, на 20 јануари годинава, во Лос Анџелес, каде што живее уште од ’90-тите години.
Би можело да ве интересира
(Видео) Калиопи, Мима Карачиќ и актерите од Белградското драмско позориште на нозе ја кренаа цела кафеана во Скопје
(Видео) Една година без Марадона, истрагата за неговата смрт сè уште трае
Синот ја малтретирал со години, па избегала во прифатилиште за жртви на семејно насилство: Тажната судбина на актерката Весна Пеќанац
Експерт откри лесен начин на заспивање, за само 60 секунди
(Фото) Цеца љуби 8 години помлад угостител
(Видео) Хоуп Хикс е жената што ја внесе короната во Белата куќа
