Хрватскиот неделник „Глобус“ ѝ се извини на Мира Фурлан за објавен текст од 1992 година

Хрватскиот неделник „Глобус“ ѝ се извини на Мира Фурлан за објавен текст од 1992 година

пред 3 месеци

Главниот уредник на хрватскиот неделник „Глобус“, Здравко Милиновиќ, преку насловната страница на весникот „Јутарњи лист“ ѝ се извини на починатата актерка Мира Фурлан поради несоодветен напис во 1992 година. „Иако предоцна, длабоко ѝ се извинуваме на Мира Фурлан“, гласи насловот на „Јутарњи лист“, весник што е во истата групација со „Глобус“.

Хрватската актерка Мира Фурлан почина минатата недела. По веста за нејзината смрт, хрватската јавност почна да го доведува во прашање ставот кон неа во раните 90-ти години.

Во 1992 година во „Глобус“ бил објавен триделен фељтон за актерката. Еден од насловите бил „Тешкиот живот на лесната жена“, а во текстот, врз база на озборувања и шпекулации, пишувале за нејзиниот приватен живот и ја обвиниле за предавство на Хрватска. Биле наведени нејзините љубовни партнери, било пишувано за погребот на мајка ѝ и било споменато дека мајка ѝ има еврејско потекло. Во тоа време главен уредник на „Глобус“ бил Денис Куљиќ.

Второто продолжение на фељтонот бил со наслов: „Неподготвени за животната улога“. Третото имало наслов „Приказната за два града“. Причината за овие текстови бил фактот што Мира Фурлан настапила во театар во Белград и по притисоците во хрватските медиуми, се преселила во САД. Фељтонот бил објавен од крајот на јануари до средината на февруари 1992 година.

„Глобус“ во монографијата по повод 30 години објавување на неделникот, во кој биле споменати некои неуспеси, не го спомнува овој.

„Ние не ги спомнавме трите продолженија на фељтонот за Мира Фурлан. Сега, кога одличната актерка ја нема засекогаш, кога многумина (дури и негативците) се сетија на медиумскиот линч на Мира Фурлан, времето кога таа беше отпуштена од Хрватскиот народен театар и остана без станот во Загреб, можеме да ги покриеме ушите, да молчиме и да чекаме сè да помине. Но, вистината боли. Затоа, ‘Глобус’, барем сега и веќе предоцна, мора длабоко да се поклони и длабоко да се извини“, стои во текстот потпишан од главниот уредник на „Глобус“, пишува „Јутарњи лист“.

Share

KissAnime kissanime my hero academia: How Not to Summon a Demon Lord Ω (https://kissanimeonline.com/m/317r) Episode 1

AnimeHeaven animeheaven unblocked: Watch Attack on Titan (Dub) Episode 21

Scroll to Top