Цел живот барам лек за болеста на брат ми, да можам ќе му го дадам и срцево: Животната приказна на Ештон Кучер

Цел живот барам лек за болеста на брат ми, да можам ќе му го дадам и срцево: Животната приказна на Ештон Кучер

пред 2 години

Холивудскиот актер Ештон Кучер ја стекна славата благодарение на својата улога во хит серијата „Луди 70-ти“, а потоа се заљуби во 16 години постарата актерка Деми Мур, со која подоцна со ожени. Но нивниот брак пропадна, па во 2012 година почна да се забавува со актерката Мила Кунис, со која беше во врска и во серијата. Тие се венчаа во 2015 година и добија две деца.

Кристофер Ештон Кучер е роден на 7 февруари 1978 година, а пет минути по неговото раѓање се родил и неговиот брат близнак Мајкл. Неговите родители Лери и Дијана дознале дека ќе добијат близнаци непосредно пред породувањето.  Мајкл бил толку мал што лекарите биле убедени дека нема да преживее, но тоа не се случило. Сепак, за кратко време родителите забележале дека Мајкл не се развива со иста брзина како Ештон, па му била дијагностицирана церебрална парализа. Ештон покрај својот брат близнак, има и сестра Таша.

Петчленото семејство живеело како и повеќето типични работни семејства во тоа време. Па иако немале доволно пари, сепак се труделе да им обезбедат образование на своите деца. Но тоа довело до бројни расправии помеѓу Лери и Дијана, па тие се развеле кога близнаците имале 16 години. Слично во тоа време, Мајкл морал да подлежи на итна трансплантација на срце, по што како резултат на тежок живот, било оштетено.

Сето тоа негативно влијаело врз растењето и Ештон. Не можејќи да се соочи со реалноста и животните проблеми, утеха барал во развратните ноќни излегувања, дружејќи се со лошо друштво, поради што навечер упаднал во училиште. Поради тоа бил осуден на три години условна казна и 180 часа општествено корисна работа. Откако малку фалело за да го загуби својот брат близнак, со кој бил многу близок, сфатил дека мора да се собере и да направи нешто.

Тие биле толку поврзани што на 13 години Ештон сакал да му го подари срцето на својот брат. За да му помогне, тој се запишал на Факултет за биохемиски инженеринг, со цел да најде лек за болеста којашто го уништувала неговиот брат. За да си ги плати студиите, работел сè и сешто, па се обидел во столарија, помагал на фарма, но и ја бришел прашината од машините во фабриката „Џенерал Милс“. Но и покрај тоа што успеал да собере пари, интересот да ги продолжи своите студии набрзо исчезнал.

Клучниот момент бил кога ловец на таленти го нашол во кафеана и му предложил да се пријави за „Ново лице“. Поради згодниот изглед, тој ја однел победата, по што бил награден со патување во Њујорк, каде што учествувал на светскиот натпревар. Таму добил многу интересни понуди и профитабилни работни места, вклучувајќи ги и оние да стане заштитно лице на Келвин Клајн во 1997 година, а потоа решил да си ја побара среќата во Холивуд. Лос Анџелес била неговата следна станица, а првата улога, која на крајот му ги отвори сите врати, беше онаа на Мајкл Келсо, згодно, но глупаво момче, во хит серијата „Луди 70-ти“.

Кратко подоцна стана еден од најбараните актери на таа генерација, а улогите почнаа да се нижат Иако на почетокот добиваше улоги слични на Мајкл Келсо, како онаа во „Човеку, каде е мојот автомобил?“, со текот на времето почна да игра посериозни и посериозни улоги.

„Се трудам да избирам работи и улоги кои ќе ме извлечат од мојата комфорна зона. Сè додека се чувствувате непријатно во нешто, тоа значи дека растете“, рече тој.

Но, не само што го привлекувала глумата, туку и бизнисот, па постојано ги вложувал своите пари.

„Животот може да стане многу полесен ако разберете една работа, а тоа е дека сè околу нас што го нарекуваме живот го создале луѓе кои не се многу попаметни од нас и дека можете да создадете нов свет во кој ќе живеат другите луѓе. Затоа, не живејте го животот, туку градете го. Најдете можности и бидете секогаш секси“, изјави тој во едно интервју.

Иако се стекна со светска слава, сепак брат му сè уште беше на прво место. Па тој јавно му се заблагодари кога прими награда пред 3 години.

„Уште кога се родив морав сè да делам со брат ми: роденден, кревет, гардероба, делевме сè и никогаш не бев сам. Брат ми е роден со церебрална парализа и колку стареам се чувствувам полошо затоа што не сме еднакви. Сепак, брат ми ме научи дека законот нè лаже, но и за работи кои не би знаел да ги препознаам. Иако не сме еднакви, сепак имаме ист капацитет да сакаме“, рече Ештон во емотивниот говор кој сите ги остави без зборови.

Кога биле во основно училиште, играле кошарка, а Ештон постигнал совршен гол. Мајк се свртел и се упатил кон излезот од теренот, кога брат му го прашал каде оди.

„Знаеш дека не можам да постигнам таков гол. Не е фер“, му рекол брат му Ештон, на што овој му одговорил: „Можеш да постигнеш сè што ќе посакаш. Не можам да ја фрлам топката за тебе. Мама не е тука, таа не може да го направи тоа ниту за тебе. Тоа е твој предизвик. Престани да ја користиш својата болест како изговор. Тоа е твоја пречка”.

Ештон имаше бурни врски во минатото кои ги полнеа насловните страници на магазините. Прва беше актерката Џенуари Џонс, со која беше три години во врска, пред воопшто и двајцата да стекнат светска слава. По раскинувањето, таа немаше добро мислење за него, велеше дека е лош дечко кој не ја поддржал нејзината актерска кариера.

Потоа беше со Ешли Елерин (21), која беше убиена пред 19 години во својот дом во Холивуд на 21 февруари 2001 година, истата вечер кога требало да излезе на состанок со Ештон Качер, кој тогаш имал 23 години. За нејзиното убиство е обвинет Мајкл Гарџуло, кој, според полицијата, брутално ја избодел речиси 50 пати. Тој е осомничен дека е сериски убиец познат како „Холивудскиот мевосек“. 

Ова не е единственото трауматично искуство во неговиот живот. Првата сериозна врска му беше со актерката Британи Марфи. Парот заедно го сними и филмот „Тукушто венчани“, а хемијата меѓу нив беше видлива и на филмското платно. Сепак иако се разделија, тие останаа добри пријатели, па веста за смртта на Бритни (32) во 2009 година силно го погоди. Тој вели дека  не може да прифати сè. Кога таа почина, тој напиша: „Денес светот изгуби мал дел од сонцето“.

Во септември 2005 година, тој се ожени со 16 години постарата актерка Деми Мур. Но шест години подоцна Деми објави дека се разделиле, а во 2013 година и официјално се разведоа „поради непомирливи разлики“. Подоцна се утврди дека Ештон не ѝ бил верен на Деми, која тешко го издржала неверството и разводот.

На почетокот на 2012 година, Ештон започна врска со актерката Мила Кунис, со која глумеше во серијата „Луди седумдесетти“. Тие се свршија во февруари 2014 година, а набрзо потоа ја добија и ќерката Вајат. Тие се венчаа во јули 2015 година, а во ноември 2016 година го добија синот Димитри Портвуд.

 

Share
Scroll to Top