Црешите добри за дијабетичарите а помагаат и при други состојби

Црешите добри за дијабетичарите а помагаат и при други состојби

пред 5 месеци

Црешите сè уште може да се најдат на пазарите и продавниците. Тие се многу хранливи, имаат тиамин, рибофлавин и витамин Б6 кои се од витално значење за метаболизмот. Покрај тоа, секое овошје содржи околу 10% вода, целулоза, каротин и витамин Ц. Има и киселини – јаболкова, лимонска, винска.

Околу 100 грама цреши имаат само 60 калории, па затоа се идеални за ужина. Се препорачуваат и за дијабетичари, бидејќи имаат низок гликемиски индекс.

Лекарите ги препорачуваат и поради флавоноидите, кои се природни антиинфламаторни агенси кои влијаат на симптомите на алергија и астма, а исто така го зајакнуваат колагенот. Тој е клучен протеин за здравјето на кожата, коските и сврзното ткиво.

Истражувањето објавено во списанието „Arthritis & Rheumatism“, спроведено на 633 луѓе кои боледуваат од гихт, покажало дека консумирањето цреши во текот на два дена го намалува ризикот од гихт за 35%. Тие исто така содржат мелатонин, хормон кој помага во регулирањето на сонот, така што консумирањето цреши може да го подобри квалитетот на сонот и да помогне при несоница.

Имаат и калиум, кој може да помогне да се спречат кардиоваскуларни болести, да се регулира крвниот притисок и отчукувањата на срцето.

Share
Scroll to Top