Чарли Шин ја обвини поранешната жена што нивната ќерка се продава на Онли Фанс

Чарли Шин ја обвини поранешната жена што нивната ќерка се продава на Онли Фанс

пред 2 години

Ќерката на актерот Чарли Шин, Сем Шин, има профил на мрежата Онли Фанс, каде се пласираат експлицитни содржини за заработка на пари. Актерот смета дека ваквата постапка на неговата ќерка е недозволива, а за тоа ја обвини поранешната сопруга Денис Ричардс, бидејќи Сем живее со нејзината мајка.

„Таа има 18 години и живее со нејзината мајка. Тоа немаше да се случи ако беше под мојот покрив. Не го одбрувам тоа, но ако не можам да го спречам, апелирам да го направи тоа со стил, креативно, да не го жртвува својот интегритет“, рекол актерот за Пејџ Сикс.

Оваа непријатна ситуација ја коментираше и поранешната сопруга на актерот, Денис, која истакна дека таа нема никакво влијание врз нејзината ќерка до тој степен, за да влијае на нејзините одлуки.

Инаку, Сем Шин има 18 години, а следбениците на Инстаграм ги извести дека ќе биде активна на Онли Фанс. Според Сем, цената на нејзината содржина ќе биде 19,9 долари, а ќе се објавува неколку пати неделно.

Да потсетиме, Денис и Шин се венчаа во 2002 година, а се разведоа во 2005 година, пред да се роди втората ќерка Лола Шин.

Share
Scroll to Top