Чај од куркума за зајакнување на целиот организам

Четири причини да јадете сирова куркума наутро

пред 1 година

Зимата пристигна и е време од годината кога на телото му е потребна посилна исхрана и дополнителна топлина за да го преживее студот. Според експертите, започнувањето на денот со мало парче сурова куркума ќе помогне да се зајакне имунитетот, да се подобри метаболизмот, да се намали воспалението и да се помогне во општата благосостојба. Ако го вклучите овој совет во вашата дневна рутина, многу брзо ќе ги почувствувате корисните придобивки. Додуша зимата нема да исчезне, но полесно ќе ги пребродите деновите што се пред нас.

Куркумата е зачин од семејството на ѓумбир и се смета за еден од најдобрите и најлековитите зачини и додатоци во исхраната. Ова растение најдобро успева во Индија и Југоисточна Азија, на температури меѓу 20 и 30 степени и му требаат обилни врнежи за да напредува. Бројни студии утврдиле дека има корисен ефект и на телото и на мозокот.

Куркумата е позната по своите силни антиинфламаторни својства поради присуството на куркумин. Хроничното воспаление е поврзано со различни здравствени проблеми, а куркумата може да помогне да се намали воспалението, пишува „Тајмс оф Индија“.

Куркумата го стимулира производството на дигестивни ензими, кои можат да го подобрат процесот на варење. Се верува дека го стимулира движењето на дебелото црево.

Се смета дека куркумата има големо влијание врз детоксикацијата на црниот дроб, испирање или детоксикација на црниот дроб е процес за кој се тврди дека ги отстранува токсините од телото, помага во напорите за слабеење или го подобрува целокупното здравје. Црниот дроб е еден од најголемите органи во телото, кој помага да се отстрани отпадот и да се обработат разни хранливи материи и лекови. Сепак, треба да знаете дека чистењето или детоксикацијата на црниот дроб не може многу да направи за телото.

Куркумата е позната по своите имуномодулаторни својства, што значи дека може да помогне во регулирањето и поддршката на имунолошкиот систем.

Исто така, освен сирова кога ја користите на лажица, куркумата можете да ја користите и на многу други начини, како зачин во разни јадења, а има и еден рецепт кој се смета за чудесен еликсир.

Златна куркума

Потребно е:

1 чаша топла вода, четвртина лажичка куркума, сок од половина лимон, прстофат цимет, 1/8 лажичка мед, една лажичка кокосово масло

Подготовка:

Откако ќе ја загреете водата додадете куркума, сок од лимон и мед, лажичка кокосово масло и убаво измешајте. Куркумата ќе се спушти на дното на чашата, затоа продолжете да ја мешате водата додека пиете, на тој начин ќе ги добиете сите придобивки од куркумата. Погрижете се да ја пиете водата додека е уште топла.

Share
Scroll to Top