Четкар ќе одржи концерт во Скопје, па оди на турнеја низ Америка

Четкар ќе одржи концерт во Скопје, па оди на турнеја низ Америка

пред 4 години

На 28 октомври Владимир Четкар по подолго време ќе одржи концерт во Скопје, во Станица 26. Концертот ќе трае два часа, од 21 до 23 часот. По овој концерт, Четкар ќе оди во Америка за да одржи есенска турнеја низ некои од најпрестижните американски џез-клубови и културни институции како Нортон музејот за уметност во Вест Палм Бич, Боб-Стоп во Кливленд, Блек кет џез клаб во Сан Франциско.

dobivaj vesti na viber

Турнејата на Четкар во Америка ќе почне на 6 ноември со концертот во Чикаго, па продолжува во Детроит, Кливленд, Њујорк, Сан Франциско, а турнејата ќе ја заврши на 9 декември во Вест Палм Бич во Флорида. На сите настапи во Америка, Четкар ќе се претстави со своја авторска музика, а ќе го придружуваат американски музичари.

Share
Scroll to Top