Членови на групата Скинхеди се обиделе да убијат припадник на ЛГБТ заедницата во Белград

Членови на групата Скинхеди се обиделе да убијат припадник на ЛГБТ заедницата во Белград

пред 2 години






Група мажи членови на групата Скинхеди нападнале припадник од ЛГБТ популацијата среде Белград, пренесе српски „Телеграф“. Според медиумите станува збор за дваесет и тригодишно момче со иницијали Г.У. кое било нападнато и прободено со нож кај паркот Мањеж.

„Бил со тројца. Г.У., Џ.Џ, и И.П. Г.У го нападнаа неколку насилници од групата Скинхеди. Мотивот им беше затоа што е хомосексуалец и тие не ги сакаат луѓето од оваа група“, рече извор од истрагата.

Нападот се случил околу половина час по полноќ. Нападнатиот има тешки телесни повреди по што бил префрлен на Клиника за максилофацијална хирургија. Полицијата работи на идентификација и наоѓање на напаѓачите.

 





Share
Scroll to Top