Шварценегер: Одгледуваме генерации на слабаци, младите мора да се борат и да проаѓаат низ болка

Шварценегер: Одгледуваме генерации на слабаци, младите мора да се борат и да проаѓаат низ болка

пред 1 година

„Одгледуваме генерации на слабаци“, рече помеѓу останатото 76-годишниот Арнолд Шварценегер на гостувањето кај Хауард Стерн.

Арнолд има 5 деца, Кетрин (33), Кристина (31), Патрик (30) и Кристофер (26) со поранешната сопруга Марија Шривер и 26-годишниот син Џозеф со Милдред Баена.

На Стерн му открил дека во една прилика ја казнил својата ќерка со тоа што ѝ ги запалил чевлите, а на синот му ја фрлил постелнината низ прозорец во базен откако не го наместил својот кревет.

„Младите луѓе мора да страдаат, да се борат и да проаѓаат низ болка, мизерија и непријатност за да успеат во животот и да станат цврсти“, вели познатиот „Терминатор“ кој се плаши дека младите денес се „меки како бебиња“. Потоа испратил порака до сите оние кои сакаат да го слушаат.

„Сите вие кои се штитите од лошото во животот и бегате во комфор – готови сте. Никогаш нема да стигнете до целта, мора да се борите“.

„Да престанеме да создаваме генерации на слабаци. Младите мора да се тераат да се борат, да се занимаваат со спорт и да учат, а тоа значи дека мора да пројдат низ болни моменти“, продолжил Шварценегер.

Со оглед на тоа што во еден период од животот беше најпознатиот бодибилдер на планетата, денес вели дека му смета тоа што старее и што не може да го одржува своето тело фит.

„Секое утро се погледнувам во огледало и на самиот себеси сум одвратен“, признал Арнолд, инаку седумкратен олимпиец.

„Го гледам своето тело и се прашувам – ‘Што по ѓаволите се случува со моите мускули?’“.

 

 

Share
Scroll to Top