Шерифовиќ за сурогат мајката која го роди синот: Некои луѓе седат под карпа

Шерифовиќ за сурогат мајката која го роди синот: Некои луѓе седат под карпа

пред 2 месеци

Марија Шерифовиќ на почетокот на декември минатата година стана мајка на синот Марио кој го роди сурогат мајка. 39-годишната пејачка на оваа тема проговори при неодамнешното гостување во емисијата на српскиот водител Огњен Амиџиќ.

„Во Америка сум од 2014 година, тогаш не беше релевантно. Немаме доволно време да разговараме за ова детално. Се што правев, правев по совет на најдобрите лекари во САД. Во едно интервју јас реков дека по неколку неуспешни обиди единствено решение беше тоа“, раскажа Марија.

„Ужасно ми пречи што на Балканот, со должна почит кон сите нормални, цивилизирани луѓе, луѓето седат под карпа. Седам во Америка, се сончам и читам како луѓето седат по весници, емисии, утрински програми и велат дека оваа жена е врзана за радијатор, како ја малтретирале, како е. Почитувани, ова е процедура за која се потребни илјадници документи, потпишани документи“, додаде Шерифовиќ.

Таа изјавила дека сурогат мајките не се третираат како робови, како што многумина мислат и дека во нејзиниот случај сурогат-мајката добивала третмани како масажи и помош од чистачка на куќа.

„Таа е жената која помогна да се исполни мојата најголема желба во животот. Имавме најблиска можна врска, разговаравме секој ден, заедно ги поминувавме сите предизвици на бременоста, заедно одевме на прегледи”, изјави претходно Марија.

Пејачката откри дека во неколку наврати се обидела да стане мајка, но не можела да ја поднесе бременоста, поради што на крајот се одлучила за сурогат мајка. Инаку, Шерифовиќ не сака да открие кој е таткото поради договорот за приватност, но рече дека нејзиниот син ќе знае се за тоа, кога ќе дојде време.

Share
Scroll to Top