Турската актерка Бергузар Корел, вели дека планира да направи пауза од глумењето и дека планира во иднина да му се посвети на семејството.
Во март годинава, таа и нејзиниот сопруг и колега Халит Ергенџ, го добија второто дете, синот Хан. Покрај Хан, тие го имаат и десетгодишниот Алиј. Бергузар, која е позната по нејзината улога како Шехерезад, вели дека планира во целост да му се посвети на мајчинството.
Поради тоа што актерската работа е исклучително преизвикувачка и бара многу одрекувања, патувања и непреспиени часови, глумицата одлучила кариерата да ја остави на страна и вниманието да го насочи кон синовите и сопругот.
За турските медиуми вели дека не може да работи со ист интезитет и ритам како претходно и дека предноста сега ќе и ја даде на нејзиното семејство.
„Не сум подготвена на големи одрекувања како некогаш. Сакам поголемиот дел од времето да го посветам на моето семејство и да бидам тука за нив додека децата растат“, изјавила таа.