Холивудската актерка Шејлин Вудлу вели дека клучот за добар секс е комуникацијата помеѓу партнерите.
29-годишната актерка откри дека имала лош секс „повеќе од еднаш“ во животот и додава дека најдобриот совет кога станува збор за ревитализација на сексуаленoт живот е да биде „искрена и транспарентна“ со партнерот. Во колумната „Ask Her“ (Прашај ја неа) за машката веб-страница „Лeo“, еден од читателите праша: „Ако сексот не е одличен, а врската цвета, дали ќе прекинете или ќе работите на тоа?“ Шајлин одговори: „Јас сум била во таква ситуација. И да бидам искрена, тоа се случи повеќе од еднаш во мојот живот.“

„Сè што можам да кажам од моја перспектива како жена што знае што сака и не се плаши да го каже тоа е дека искреноста и транспарентноста се сè. Ако не се чувствувате безбедни во комуникацијата со партнерот, тогаш големи се шансите дека можеби никогаш нема да можете да негувате вистински сврзувачки сексуален живот. Ако се чувствувате безбедно, зборувајте за вашите потреби. Без разлика дали тие се исполнети или не. Прашајте го партнерот за неговите потреби“.
Sвездата на „Големи мали лаги“ рече дека изнаоѓање добра рамнотежа во врската може да одземе доста време, додавајќи дека повеќето луѓе немаат одличен секс сè додека не станат „вистински интимни“ едни со други.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Видео) „Тргни ги рацете од нашето знаме, гнасо една“ – Украински делегат натепа Русин во Анкара
(Видео) Дете зема машинка за бричење во продавница па остана без коса
Бараше оргии пет пати неделно и пак не можеше да се задоволи: Тајните на Плејбој откриваат нови детали за Хју Хефнер
Тупак е убиен пред 25 години во пресметка на банди, теориите на заговор дека сè уште е жив, постојат и денес
Ана Николиќ има нов дечко по разводот со Раста
Младешки изглед со помош на советите на топ-моделот Ирина Шајк
