Шинед О'Конор не се самоубила: полицијата соопшти детали за смртта на пејачката

Шинед О’Конор не се самоубила: полицијата соопшти детали за смртта на пејачката

пред 1 година

Смртта на Шинед О’Конор не се третира како сомнителна, соопшти лондонската полиција, додавајќи дека пејачката починала во англиската престолнина.

Ирската поп ѕвезда Шинед О’Конор почина во својот дом во Лондон, лондонската полиција објави детали за смртта на пејачката.

„Шинед О’Конор вчера попладне беше пронајдена во несвест во нејзиниот дом во Лондон. Веднаш била алармирана брзата помош, но напејачката не можеле да и помогнат и лекарите можеле само да констатираат смрт“, се додава во соопштението на лондонската полиција.

Извештајот од местото на настанот е веќе проследен до форензичарите, прецизира полицијата, како што јави Би-Би-Си, истакнувајќи дека смртта на пејачката на 56-годишна возраст не се третира како сомнителна.

Со ова лондонската полиција ги отфрли сомнежите на многумина дека ирската пејачка, која во изминатите децении двапати се обиде да си го одземе животот, извршила самоубиство.

Share
Scroll to Top