Шон Конери ќе биде кремиран, неговата пепел ќе биде расфрлана во Шкотска

Шон Конери ќе биде кремиран, неговата пепел ќе биде расфрлана во Шкотска

пред 2 години

Легендарниот глумец Шон Конери, кој почина пред десет дена, ќе биде кремиран, а неговата пепел ќе биде расфрлена во Шкотска. Ова била една од последните желби на актерот, кој почина во семејната куќа на Бахамите на 90 години.

„Ќе го вратиме Шон во Шкотска. Тоа беше неговата последна желба. Тој сакаше неговата пепел да се истури и на Бахамите и во неговата родна земја“, изјавила неговата сопруга за „Скотиш меил“.

Таа рекла и дека не знае кога ќе ја однесат пепелта на популарниот Бонд во Шкотска, бидејќ заради короната во моментов не можат да патуват.

„Кога ќе биде можно и безбедно повторно да патуваме, тогаш намерата на семејството е да се врати заедно со него во Шкотска. Ние би сакале да организираме помен за него во Шкотска. Тоа е нашата надеж. Но, не можеме точно да кажеме кога тоа ќе се случи,“ рекла Мишелин, која беше 45 години во брак со Шон Конери.

Share

download go88 go88 apk ios go88 m1

https://sunwin.gg/

Scroll to Top