Шон Пен се разведе од 30 години помладата сопруга: Го уништив бракот, ама сè уште ја сакам

Шон Пен се разведе од 30 години помладата сопруга: Го уништив бракот, ама сè уште ја сакам

пред 3 години

Холивудскиот глумец Шон Пен (61) и официјално се разведе од сопругата Лејла Џорџ (30). Тој вели дека за распадот на бракот е виновен тој и дека сè уште а сака поранешната жена, пишува „Дејли мејл“.

„Има една жена во која сум многу вљубена, Лејла Џорџ, со која се гледам само сега од ден до ден, бидејќи го зафркнав целиот брак. Бевме во брак само една година, но јас бев многу невнимателен тип“, рекол Пен.

Тој вели дека причина за разводот не било неверство, бидејќи тој не ја изневерил сопругата.

„Како што се испостави, а тоа ќе ве шокира, убавите, неверојатно драги, имагинативни, талентирани млади жени кои се мажат за маж многу постар од себе, баш и не сакаат кога се будат сами по мирна преспиена ноќ, оти нивниот маж лежи на каучот каде од 4 часот наутро ги гледа сите можни глупости што се случуваат на светот и кој во 10.30 сабајле решава дека е идеалното време за дупла водка со тоник и апчиња за спиење. Па ѝ вели: ‘Добро утро, мила, ќе се комирам неколку часа за да избегам од сите овие гомна’“, рекол Пен.

Глумецот додал и дека моментално работи на себе и пробува да се справи со проблемите што ги имал во текот на нивната врска.

„Сега додека ги мијам садовите не се јавувам на телефон. Додека сум со жена ми преку ден, телефонот ми е исклучен, иако жонглирам со многу работи. Нема да ги решам подобро ако имам повеќе повици. Моментално можам да го исклучам телефонот и да не гледам вести 12 часа на ден. Дури и кога сум под стрес, не сум толку многу како порано“, додал тој, но признал дека и покрај сè и понатаму му требаат алкохол и апчиња за спиење.

„Се надевам дека сега научив дека приоритетите на моето семејство се поважни“, вели Пен.

Share
Scroll to Top