Шпанска спортистка излезе на дневна светлина по 500 дена поминати во подземна пештера

Шпанска спортистка излезе на дневна светлина по 500 дена поминати во подземна пештера

пред 2 години

Беатриз Фламини, екстремна спортистка од Шпанија излезе на површина откако помина 500 дена во пештера во близина на Гранада на длабочина од 70 метри без контакт со надворешниот свет.

Ова беше експеримент внимателно следен од научниците кои сакаат да научат повеќе за способностите на човечкиот ум и деноноќниот ритам.

Беатриз Фламини, 50-годишна спортистка, планинар и алпинист, го собори светскиот рекорд за време поминато во пештера, тврди нејзиниот тим за поддршка.

Имала 48 години кога се симнала во пештерата, а два родендени прославила сама под земја.

Таа го започна својот предизвик на 20 ноември 2021 година.  Медиумското покривање за нејзиното излегување од пештерата беше ограничено. Националниот телевизиски канал TVE ја сними како носи темни очила и ја гушка екипата.

Таа го опиша своето искуство како „одлично, непобедливо“. Новинарите ја прашаа за повеќе детали, па таа одговори: „Молчев година и пол, не разговарав со никој освен со себе“.

„Ја губам рамнотежата, затоа ме држат. Ако ми дозволите да се истуширам, година ипол не сум допрела вода, се гледаме наскоро. Дали е тоа во ред?“, им порача таа на насобраните новинари.

Share
Scroll to Top