Што да направите ако ве касне крлеж

Што да направите ако ве касне крлеж

пред 4 години

Крлежите се паразити кои се хранат со крвта на животни и луѓе, и тие се природни носители на заразни болести. Каснувањето од крлеж е безболно поради тоа што постои природен анестетик во нивната плунка.

Поради каснување од крлеж, кај луѓето може да се појават алергиски реакции, но ова е редок случај. Најчесто по каснувањето може да се појават борелиозата или лајмската болест. Сите крлежи не се заразни, па не мора да значи дека секое каснување ќе предизвика инфекција.

Што да направите ако ве касне крлеж?

Не го премачкувајте местото со алкохол, керозин, масло и слично. Отидете во најблиската клиника, а крлежот нека го отстрани професионалец. Препорачливо е да го направите ова во првите 24 часа по каснувањето за да се намалите веројатноста дека ќе се пренесе инфекцијата.

Потоа, во текот на следниот месец, следете ја состојбата на местото каде што ве каснал крлежот – дали се појавува црвенило на кожата и дали имате други симптоми како што се треска, замор, болки во мускулите, главоболки, кои може да укажуваат на лајмска болест.

Како да се заштитите?

Повеќето крлежи може да се најдат на влажни места, во грмушки или трева. Затоа избегнувајте престој во пошумени области. Носете облека што ги покрива рацете и нозете кога одите на вакви локации.

Пред да одите во природа, премачкајте ја кожата со средства што одбиваат инсекти.

Потоа, откако ќе поминете време во природа, испитајте го телото (особено темето, областа зад ушите, вратот, стомакот, препоните и задниот дел на колената). За да бидете целосно сигурни дека крлежите не се останати некаде на вашата облека, откако ќе се вратите од природа, ставете ја облеката на перење.

Крлежите не се родени со заразни болести, но ги стекнуваат за време на хранењето и ги пренесуваат понатаму. Постојат над 850 видови крлежи, но само неколку видови пренесуваат лајмска болест.

Share
Scroll to Top