Новак Ѓоковиќ по поразот од Холгер Рене, во четвртфиналето на мастерсот во Рим, имаше прес конференција со новинарите, на која зборуваше за семејството и неговите деца. Ѓоковиќ рече дека имал желба неговите осумгодишен син Стефан и петгодишната Тара да ги крсти на Косово.
„Сакам да одам на Косово и Метохија со сопругата Јелена и таму да ги крстиме нашите деца, Стефан и Тара. Знам дека таа тема е многу чувствителна дека конфликтот и понатаму е присутен таму, не вооружен, но постои тензија. Не сакам да бидам вклучен во политика, но за секој Србин, Косово и Метохија се срце, во центарот на нашата култура, нашиот идентитет, традиција, религија“, рече Ѓоковиќ.
Брзо одговор стигна од министерот за култура на Косово, Хајрула Чеку, кој му одговори дека без вакцина нема да може да влезе во земјата.
„Нема вакцина, нема влез“, напиша Чеку на англиски.