Јадранка Косор: Најдобро мијам прозори со песните на Шакира. Лет 3? Ме тераат со нив на Евросонг

Јадранка Косор: Најдобро бришам прозори со песните на Шакира. Лет 3? Ме тераат со нив на Евросонг

пред 1 година

Бившата хрватска премиерка и новинарка, Јадранка Косор, денес позната твитерџика и пејачка, во емисијата „Директ“, на хрватската РТЛ телевизија зборуваше за импресиите во музичкото шоу „Маскиран пејач“ во кој настапи како кралица. Иако испадна, ги освои симпатиите на публиката.

„Мислам дека сум единствената политичарка во светот која настапила на вакво шоу“, рече Косор, која носеше маска на лицето дизајнирана од Јурај Зигман.

Ја пееше народната песна „Мамица су штрукле пекли“, потоа „Теше боје“ на Барет и Мајка, „’Мама ШЧ’ од хрватската група „Лет 3“ која годинава ќе настапи на Евровизија. Во последната емисија го изведе хитот „Изнад Тешња“ на Халид Бешлиќ, а во полуфиналето се одлучи за „Ману Чао“ од Кландестино.

„Беше фантастично. По шоуто луѓето ќе ме поздравеа на улица со ‘Добар ден, кралице’. Ќе ме прашаа дали тоа бев навистина јас. Па ќе ми честитаа и ќе ми кажеа дека бев одлична кралица. Тоа се случи уште по првиот настап. Многу ме препознаа, а децата ми викаа на улица, ‘Кралицата доаѓа’“, рече Косор.

„На почетокот ми беше тешко да се согласам да настапам. Продуцентот ми се јави и суптилно ме водеше чекор по чекор. Прво му реков не, па се двоумев, па размислувам што, како. Се плашев да не ми се смеат. На крајот се согласив кога ме прашаа што сакам да бидам. Уште од мала имав желба да сум кралица. На крајот се договориме со Зигман, на кого сакам да му се заблагодарам за одличниот костим и круна. А и сцената беше фантастична“, рече Косор.

Додаде и дека песните кои ги избрала за настапот и се омилени и дека со нив секогаш се опушта.

„Уживам да ги слушам Manu Chao и Clandestino. Тоа е концертен настап со фантастични класични гитари. Ме опушта целиот нивен репертоар. Ја снимив и „Ние сме шампиони“, од „Квин“, што има многу добра порака. Но, кога ја снимив сфатив колку е тешка за пеење. Станува збор за песна која ја испеа легенда и жал ми е што публиката не ме слушна“, рече Косор.

Додаде дека добила подароци, прстени и накит кои биле на кралицата и дека целата била украсена со нив.

„Убаво се забавував. Околу 100 луѓе завршија перфектна работа“, додаде таа.

Ја избрала песната „Мама ШЧ“ од „Лет 3“, затоа што кога била премиер, членовите на групата често ја исмејувале и се маскирале во неа, носејќи перики и костими.

„Со оглед на тоа што нивната песна е избрана за Евровизија, сега сакав да се пресметам со нив. Песната ми се доападна. Се консултирав и со син ми кој ми рече дека ако тоа е нешто кое ме забавува, да одам и да се забавувам. Имав фантастични коментари на ‘Твитер’“, рече Косор.

„Така еден господин ми пиша дека испратил писмо до организаторите на Евровизија и дека побарал да ме испратат со момците од „Лет 3“ ем да им бидам поддршка, ем да пејам со нив. Госпдинот беше од Далмација и рече: ‘Мораме да направиме сè за оваа сезона биде најдобрата туристичка сезона досега, каква промоција би била само ако отидете, особено ако видат качена на трактор’“, рече Косор.

На крајот откри дека сака да слуша музика на која може да танцува.

„Најдобро ги бришам прозорците со песните на Шакира“, рече Косор.

Share
Scroll to Top