Јас ја спасив ќерка ми, јавноста не ги знае деталите, рече таткото на Бритни Спирс откако се откажа од старателството

Јас ја спасив ќерка ми, јавноста не ги знае деталите, рече таткото на Бритни Спирс откако се откажа од старателството

пред 5 години

Таткото на поп пејачката Бритни Спирс, Џејми, се огласи во јавноста откако се откажа од старателството над неа. Тој вели дека тој е тој кој ја спасил, затоа што никој не бил свесен за сериозноста за проблемите кои таа ги имала со зависноста и психичките проблеми.

Џејми тврди дека проблемите се многу подлабоки од тоа што луѓето мислат и дека нејзините фанови би го славеле него, ако ги знаат сите доверливи податоци и нејзината вистинска состојба.

„Состојбата е многу посериозна од тоа што јавноста мисли“, вели Џејми, а пренесува „Дејли Мејл“.

Во најновите судски списи, меѓу останатото пишува дека јавноста никогаш не би направила злосторник од Џејми ако ги знаат сите факти.

Нема сомнение дека старателството ја спасило Бритни од катастрофа и дала поддршка која и била потребна и повторно ја изгради нејзината репутација и кариера. Бритни наводно прима лекови поради лошата психича состојба, нешто за кое Џејми вели дека немал надлежности.

Тој беше најзин старател од 2008 година, а по притисокот на јавноста и нејзината правна борба, на крајот тој одлучи да се повлече и да се откаже од старателството. Бритни неодамна беше обвинета дека ги злоставува нејзините две кучиња кои поради негрижа тешко се разболеле.

За среќаената која внимавала на нив, навреме ги однела на ветеринар.

 

 

Share
Scroll to Top