ЈКП Комуналец Прилеп: Се обновува едно од најпрепознатливите катчиња во Варош – амфитеатарот во ново руво

ЈКП Комуналец Прилеп: Се обновува едно од најпрепознатливите катчиња во Варош – амфитеатарот во ново руво

пред 6 часа

Амфитеатарот во Варош добива нов и уреден изглед. Екипите на ЈКП „Комуналец“ Прилеп интензивно работат на негово комплетно реновирање, со цел просторот да биде подготвен за бројни културни, музички и забавни настани во текот на летниот период.

Во рамки на активностите се врши замена на дрвените штафни на седалата за публиката, чистење и преуредување на плочите, а во наредниот период се планирани и дополнителни зафати за подобрување на функционалноста и изгледот на амфитеатарот.

Од ЈКП „Комуналец“ информираат дека обновувањето на овој значаен простор е дел од заложбите за создавање подобри услови за одржување на јавни настани и збогатување на културниот живот во Прилеп.

На иницијатива на градоначалникот Дејан Проданоски, изминатиот месец мај беше исполнет со голем број манифестации, концерти и настани наменети за граѓаните, а очекувањата се амфитеатарот во Варош ова лето да стане едно од главните собиралишта за љубителите на културата и музиката.

Од ЈКП „Комуналец“ најавуваат дека просторот ќе продолжи да се уредува и одржува, со што Варош ќе добие уште поатрактивна локација за организирање настани на отворено.

Share
Scroll to Top