Љубовната приказна на Раде Шербеџија и Ленка Удовички

Љубовната приказна на Раде Шербеџија и Ленка Удовички

пред 1 година

Хрватскиот глумец Раде Шербеџија прослави 33 години во брак со режисерката Ленка Удовички. Двојката се запознала 1990 година во Суботица. Сите околу нив сметале дека се совршени еден за друг, освен Ленка, која не била воодушевена од глумецот и муабетите што ги слушала за него.

„Се запознавме во Суботица. Тој спремаше улога за претставата ‘Кралот Едип’, а јас режирав мала претстава во која глумеа негови студенти од новосадската академија. Имав проблеми со некои од нив, па сакав да поразговарам со него, да го решиме проблемот. Тој имаше 43 години, јас 23. И татко ми е постар од мајка ми 18 години, па не ми беше чудно да се заљубам во маж 20 години постар од мене. Отсекогаш ми се допаѓале постари мажи со повеќе животно искуство. Не го знаев од претходно, ама за него слушав секакви муабети во театарските кругови. Денес знам дека повеќето од нив биле лаги што ги измислиле љубоморни луѓе“, рекла Ленка во интервју за „Јутарњи лист“.

Таа раскажала дека за кратко време се заљубила во неговиот младешки дух, едноставност и искреност. „Ме освои како човек“, рекла таа. Ленка и Раде почнале да живеат заедно по неколку дена познанство, а таа долго време не сакала да каже никому дека се во врска. Се венчале една година подоцна, а набрзо ја добиле првата ќерка Нина. Втората ќерка Вања се родила брзо потоа, а третата ќерка Милица се родила по девет години. Денес Нина живее во Белград, Вања студира право во Австралија, а Милица музика во Ливерпул.

Милица, Вања и Нина Шербеџија

„Кога децата беа мали се трудевме да не бидеме раздвоени подолго од три недеели. Подоцна бевме разделени и подолго, ама тоа не ни беше проблем. Убаво е кога некој ти недостига по 28 години брак.

„Имаме жив, бурен однос, така ги преживуваме разните циклуси и фази како и секој пар. Секоја година заеднички живот не врзува подлабоко. Се караме и се сакаме“, додала Ленка во интервјуто.

Раде, кој пред Ленка бил женет два пати, вели дека по скоро 30 години поминати со неа, чувствува голема љубов и восхит.

„Среќен сум што стареам и живеам покрај ваква жена, хумана, чувствителна, чесна. Се што има, дели со другите. Таква била отсекогаш. Таа живее за луѓето, за мене, за своите деца. Одлична мајка, внимателна, трпелива, мудра. Отсекогаш сум ѝ се восхитувал“, раскажал Раде во интервју за „Глорија“.

 

Share
Scroll to Top