Ќерката на легендарниот рок пејач Брус Спрингстин, Џесика, со нејзиниот тим на САД го освоија сребрениот медал во коњички спортови на Олимпијадата во Токио.
По освоениот медал таа рече дека се слушнала со нејзиното семејство и дека сите биле пресреќни заради постигнатиот успех.
„Сите врескаа, мислам дека ништо не се разбравме“, рече Џесика, која претходно имаше разочарувачки настап во престок во поединечна конкуренција.
Таа за првпат успеа да се пласира на една Олимпијада, откако претходно не влезе во тимот на САД на претходните игри кои се одржаа во Рио. Џесика има пораснато на семејната фарма на коњи во Њу Џерси и се наоѓа на 14-то место, со што ја прави најдобро пласирана жена на светската ранг-листа.
Таа не е единствената олимпијка во коњички спортови која потекнува од славно семејство. Принцезата Ен, ќерката на Елизабета Втора, ја претставуваше Британија на ОИ 1976, а нејзината ќерка Зара Тиндел настапи на ОИ 2012, каде што освои сребро.