Оваа пролет почнува да се снима српската серија „Пад“, која ќе се работи по книгата „Годината минува, денот никогаш“ на Жарко Лаушевиќ. Серијата раскажува за животот на познатиот глумец и убиството поради кое неколку години беше во затвор.
Серијата ќе има осум епизоди, сценариото е на Бојан Вулетиќ и Метал Михајловиќ, а Вулетиќ ќе биде и режисер. Главната улога во серијата ќе ја игра Милан Мариќ, кој се прослави со улогата на Тома Здравковиќ. Според српските медиуми, за улогата на Лаушевиќ се пријавиле уште неколку глумци, а најсериозен конкурент на Мариќ му бил Милош Биковиќ.
„Серијата ‘Пад’ ќе се снима по мотивите на книгата на Лаушевиќ, ‘Годината минува, денот никогаш’. Приказните од неговата книга ќе овозможат да опишеме едно време, почетокот на војната во поранешна Југославија, сиромаштијата и изолацијата. Сето тоа низ трагичната судбина на најпознатиот југословенски актер. Сценариото не е само препишана книга, туку сценаристите слободно интерпретирале одредени делови, збогатувајќи го со ликови и настани кои не постојат во автобиографијата“, рекол Вулетиќ за проектот.
Лаушевиќ пред десет години ја напиша книгата во која опиша што се случувало ноќта на 31 јули 1993 година, кога уби двајца, а рани едно момче.