Ѝ градоначалникот Тимчо Муцунски знае дека низ Аеродром се шета по тренерки

Ѝ градоначалникот Тимчо Муцунски знае дека низ Аеродром се шета по тренерки

пред 4 години

Актуелниот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцуски пазари сам во супермаркет. Фотографиите се направени во недела, кога повеќето продавници не работат, а градоначалникот беше во еден од познатите маркети во Аеродорм во Капитол Мол.

dobivaj vesti na viber

На сликите се гледа дека Муцунски го почитува редот за на каса и чека за наплата, додека дел од граѓаните кои го препознаа се поздравуваа со него.

За пазарење тој е облечен е во лежерна варијанта, црни тренерки и спортски патики, сосема спротивно од она што му ја наложува позицијата на која е во моментов. Отука и шегите по социјалните мражи : каков градочаланик на Аеродром е Тимчо ако не шета низ маало по тренерки.

Години наназат, за аеродромци трнерките се препознатлив имиџ за низ маало. И таа прикзна никогаш не застарува.

Тимчо Муцунски лани беше избран за градоначалник на општина Аеродром, а во 2020 година беше избран за пратеник во Собрание.


 

 

 

Share
Scroll to Top