googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });
Еден од поротниците кои присуствуваше на судењето меѓу Амбер Херд и Џони Деп, откри како тој се чувствувал за време на процесот со останатите поротници.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Тој рече дека како ѝ на него и на другите им било незгодно кога ја гледале Амбер како сведочи и дека нејзиниот емотивен говор било ништо друго освен лажни солзи.

„Плачењето, изразите на лицето и начинот на кој гледаше во поротата. Сето тоа беше многу незгодно. Ќе одговореше на едно прашање и ќе почнеше да плаче, а две секунди подоцна ќе се замрзнеше. Некои од нас го користеа изразот крокодилски солзи“, рече еден од петте машки поротници кои анонимно збореа во емисијата „Добро утро Америка“.

„Нејзините реакции ги спореди со Деп за кој рече дека изгледал опуштено, смирено и уверливо.
„Начинот на кој одговараше на прашањата, се чинеше дека ја кажува вистината. Неговата емицонална состојба цело време беше стабилна“, рече поротникот.
Тој го коментираше и односот меѓу нив двајцата и рече дека многу е веројатно и двајцата да се злоставувале еден со друг и да си направиле штети. Рече и дека Херд немала доволно докази за да ги поткрепи нејзините тврдења за физичко злоставување.

„Некои приказни кои Амбер ги раскажа не беа убедливи, а повеќемината од поротата сметаа дека таа е агресорот“, додаде поротникот и рече дека нејзиниот кредибилитет бил нарушен оној момент кога се открило дека не донирала 7 милиони долари во добротворни цели, како што тврдела во едно од нејзините интервјуа.
Тој напомена и дека поротата не можела да ја избегне веста за судењето која брзо се рашири на социјалните мрежи, но дека истот така избегнувале да ја гледаат.








