Џек Николсон по година дена се појави во јавност, навиваше на трибините за Лејкерси

Џек Николсон по година дена се појави во јавност, навиваше на трибините за Лејкерси

пред 2 години

Американскиот глумец по година дена е виден во јавноста. Тој се појави на натпреварот на Лос Анџелес Лејкерс во Лос Анџелес. Николсон натпреварот го следеше од првиот ред, а ова му е прво појавува во јавност по 2021 година, кога е виден исто така на НБА натпревар со син му Реј.

Николсон е редовен гледач на натпреварите на Лејкерси во последните неколку години. Ги бодреше во периодот на неколку историски успеси, откако доби сезонски влезници уште во 1970 година. Холивудскиот глумец беше едно од најистакнатите лица во галеријата на славни обожаватели на Лејкерси.

Деновиве медиумите пишуваа и за неговото здравје, за кое се шпекулираше дека е нарушено, откако папараците го снимија на балкон од неговата куќа.

„Куќата му е како замок од кој никогаш не излегува. Луѓето би сакале барем за кратко да излезе и да видат дали е добар. Во контакт сме со неколку блиски роднини и синот Реј“, рече неодамна извор за медиумите.

Последниот филм кој го сними Николсон е How Do You Know во 2010 година.

Share
Scroll to Top