Џенифер Анистон ја „оживеа“ омилената фризура од „Пријатели“

Џенифер Анистон ја „оживеа“ омилената фризура од „Пријатели“

пред 11 месеци





Актерката Џенифер Анистон на 81-то доделување на Златен глобус носеше црн фустан без прерамки со фино елече и изгледаше многу елегантно, а изненадување за јавноста беше нејзината нова фризура која го украде целото внимание.

Фризурата им е добро позната на љубителите на култната серија „Пријатели“ – некогаш беше многу популарна и актерката ја прослави во серијата во која глумеше во 90-тите. Нејзиниот стил стана толку популарен што фризурата го доби името по нејзиниот лик – „Рејчел“.

Џенифер и по „Пријатели“ остана верна на неа, а сега израдува многумина освежувајќи го својот изглед и презентирајќи нова/стара фризура.

А дали ќе се вратиме на трендот „Рејчел“ и фризурата која одбележа период, останува да видиме.






Share
Scroll to Top