Џенифер Лопез откри тајна стара 23 години: Требало да биде дел од легендарниот бакнеж на Мадона и Бритни на MTV VMA

Џенифер Лопез откри тајна стара 23 години: Требало да биде дел од легендарниот бакнеж на Мадона и Бритни на MTV VMA

пред 4 часа

Џенифер Лопез откри дека за малку ќе била дел од една од најконтроверзните и најзапаметени музички сцени во историјата на MTV Video Music Awards – настапот на Мадона, Бритни Спирс и Кристина Агилера во 2003 година, кој остана запаметен по славниот бакнеж што со години беше тема во светските медиуми.

Во гостување во емисијата „Watch What Happens Live with Andy Cohen“, 56-годишната пејачка и актерка откри дека првичниот план бил токму таа да настапи заедно со Мадона и Бритни Спирс на отворањето на MTV VMA во 2003 година.

„Во тоа време работев на филмот „Shall We Dance?“ и едноставно не ми дозволија да излезам од снимањето. Бевме на проби, подготвувавме сѐ за настапот“, изјави Лопез.

Таа откри дека дури и лично учествувала во подготовките со Мадона и Бритни.

„Отидов во куќата на Мадона. Бевме јас, таа и Бритни. Мадона свиреше гитара, а ние пеевме. Навистина работевме на настапот“, раскажа Лопез.

На прашањето дали познатиот бакнеж бил дел од пробите, Лопез одговори дека не се случил тогаш, но дека Мадона уште од почеток имала јасна визија за настапот.

„Таа ни кажа што сака да направи. Идејата беше како некаква свадбена церемонија. Мадона требаше да биде младоженецот, а ние да пееме. Јас требаше прва да излезам и да ја пеам „Like a Virgin““, откри Лопез.

Сепак, снимањето на романтичната комедија „Shall We Dance?“ со Ричард Гир и Сузан Сарандон ја спречило да настапи на церемонијата.

„На крајот не ми дозволија да го напуштам снимањето за да учествувам на шоуто. Се сеќавам дека само за викенд отпатував за да се видам со Мадона“, изјави таа.

По откажувањето на Лопез, нејзиното место го зазеде Кристина Агилера, која заедно со Бритни Спирс го отвори спектаклот со изведба на хитот „Like a Virgin“. Набргу потоа на сцената се појави Мадона со песната „Hollywood“, а моментот кога ги бакна Бритни и Кристина стана еден од најпознатите телевизиски моменти на почетокот на 21 век.

Настапот предизвика огромни реакции ширум светот и со години се смета за еден од најконтроверзните и најиконични моменти во историјата на музичките награди.

Интересно е што уште во 2003 година магазинот „Rolling Stone“ објави дека Џенифер Лопез првично била предвидена за настапот, но тогаш не беа познати деталите за подготовките и пробите со Мадона и Бритни.

Поранешниот претседател на MTV, Ван Тофлер, тогаш изјави дека бил загрижен оти настапот може да пропадне по повлекувањето на Лопез во последен момент.

Повеќе од две децении подоцна, Џенифер Лопез конечно ја откри приказната зад сцената и потврди дека за малку ќе била дел од настапот кој засекогаш ја одбележа историјата на MTV Video Music Awards.

Денес Лопез е актуелна со новата романтична комедија „Office Romance“, која е достапна на Netflix.

Видеото погледнете го тука

 

Share
Scroll to Top