Џејми Фокс се јави од болница: Ја ценам вашата грижа и љубов

Џејми Фокс се јави од болница: Ја ценам вашата грижа и љубов

пред 2 години

Американскиот глумец Џејми Фокс се јави од болницата каде пред неколку недели беше примен. Лекарите не знаеја да објаснат за неговата здравствена состојба, а Фокс сега се јави оттаму и им се заблагодари на фановите за нивната грижа и љубов.

„Се чувствувам благословено. Ви благодарам за вашата загриженост и љубов“, рече Фокс.

Фановите брзо му одговорија и му посакаа побрзо да оздраве и излезе од болница.

„Џејми, те молам побрзо оздрави. Ти испраќам љубов секој ден. Те сакаме Џејми“, му напишаа обожавателите.

За потсетување, Фокс беше хоспитализиран на 11 април, а причината до ден денес е непозната. Извори блиски до него за Radar Online открија нови детали за неговата состојба.

Рекоа дека Фокс не реагирал на стимулансите некое време, а во еден момент морале лекарите да го оживеат. Раскажаа и дека имал висок крвен притисок и дека компликациите се резултат на големиот стрес кој го чувствувал дента кога бил хоспитализиран.

„Џејми пати од висок крвен притисок, за кој лекарите велат дека може да предизвикува згрутчувања во мозокот, што може да доведе до мозочен удар. Лекарите веруваат дека ова се подготвувало веќе некое време, а ако не реагирале брзо, можел да умре“, рекоа лекарите.

Share
Scroll to Top