Џејмс Блант ги собра познатите пријатели за празнична песна: Заработката ќе ја донира за „Лекари без граници“

Џејмс Блант ги собра познатите пријатели за празнична песна: Заработката ќе ја донира за „Лекари без граници“

пред 4 часа

Британскиот пејач Џејмс Блант подготвува празнично изненадување за своите обожаватели. Неговата прва божиќна песна, насловена „Another Year“, треба да биде објавена на 27 ноември, а за нејзиниот спот собра бројни познати лица.

Меѓу оние што му се придружиле на снимањето се актерот Ричард И. Грант, манекенката Џери Хол, телевизиската личност Пру Лит и водителката Клер Болдинг. Дел од нив заедно со Блант учествуваа во британското телевизиско шоу „The Celebrity Traitors“.

Спотот бил снимен во пабот „Кок енд ботл“ во Лондон, каде што пејачот ги поканил своите познати пријатели да му се придружат и во пеењето.

„Сите имаат прекрасни гласови. Ги снимивме додека пеат, па ќе можат да се слушнат и нивните гласови“, изјавил Блант за британски „Сан“, додавајќи дека учесниците доброволно се вклучиле во проектот.

Песната има и хуманитарна цел. На официјалната страница на пејачот е наведено дека целиот приход од стримување и профитот од продажбата на ЦД-изданието ќе бидат донирани за британскиот огранок на организацијата „Лекари без граници“.

Новата песна пристигнува по објавувањето на албумот „Airplane Mode“, со кој Блант неодамна го освои првото место на британската листа на албуми. Со „Another Year“, пејачот ќе се вклучи и во традиционалната празнична трка за врвот на британската музичка листа.

Share
Scroll to Top