Холивудската актерка и некогашната фитнес-икона и активистка Џејн Фонда во едно од најновите интервјуа откри дека во моментов не бара сексуална врска, но доколку бара, тоа би сакала да биде со помлад маж.
„Не сакам да бидам во сексуална врска. Ја немам таа желба. Се разбира дека фантазирам за такво нешто. Фантазирам дека ќе запознаам некој професор или научник, некој од таа бранша, кој е способен да ја сака жената“, изјавила Фонда за магазинот „Харпер Базар“.
Таа вели дека во секој случај, тоа би морало да биде помлад маж.
„Зарем не е тоа ужасно? Работата е во кожата. Јас сакам помлад маж, а имам прекумерна тежина“, додала таа.