Американскиот пејач Џејсон Деруло (32) раскина си инфлуенсерката Џена Фрумс (28), четири месеци откако се роди нивниот син Џејсон Кинг. Веста дека еќе не се заедно ја потврди Деруло.
„Џена и јас одлучивме да се разделиме. Таа е неверојатна мајка, но верувам дека разделбата во овој момент ќе ни овозможи да бидеме во најдобри можни односи меѓу себе и да сме најдобри родители што можеме да бидеме“, напиша тој на Твитер.
Џејсон и Џена пред четири месеци станаа родители и често објавуваа слики со бебето. Тие постојано пишуваа колку се среќни заедно. Фановите на пејачот очекуваа наскоро да се венчаат, па затоа веста за нивното раскинување ја изненади јавноста.