Џони Деп донираше 800.000 долари во добротворни цели, вклучувајќи ја и болницата на која е должна Амбер Херд

Џони Деп донираше 800.000 долари во добротворни цели, вклучувајќи ја и болницата на која е должна Амбер Херд

пред 2 години

Актерот Џони Деп донираше околу 800.000 долари во добротворни здруженија за деца ширум светот, од кои една е поврзана и со неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

dobivaj vesti na viber

Деп од парите даде во фондација за детска болница во Перт, детската добротворна организација Great Ormond Street Hospital, Footprint Coalition и детската болница во Лос Анџелес која е поврзана со Амбер.

По шестнеделното судење за клевета со Џони Деп, се покажа дека Амбер не ги уплатила шесте милиони долари, кои ги добила од разводот, во добротворни цели. Таа се бранеше дека парите не ги платила поради скапиот судски процес кој го имала со актерот.

Уште во 2016 година Амбер ветила дека парите ќе ги донира на детската болница во Лос Анџелес и Американската унија за граѓанска слобода.

Во средата заедницата на Деп, под името Never Fear Truth, објави на „Твитер“, дека дала официјална донација за четири добротворни организации.

За потсетување, Деп ја тужеше Амбер за 50 милиони долари поради текст од 2018 година, објавен во „Вашингтон пост“, кој подоцна добил голем публицитет. Во текстот Амбер тврдела дека е жртва на семејно насилство.

 

 

 

 

Share
Scroll to Top