Глумецот Џони Деп се збогатил за само пет дена продавајќи ограничено издание од покојните ѕвезди Боб Марли, писателот Хантер С. Томпсон и актерите Хит Леџер и Ривер Феникс, пишува „Дејли Мејл“.
Втората изложба од неговата колекција под името „Пријатели и херои“ ја пушти во продажба во Велика Британија во Галеријата Castle Fine Art. Изложбата се случи минатиот понеделник, а неговиот портпарол рече дека сите слики се распродадени во рок од пет дена.
Моделите Деп ги опиша како легенди кои оставиле печат и покрај тоа што немале доволно време на оваа земја. Во последните седум месеци од глумецот заработи девет милиони фунти од своите уметнички дела.
„Со години строго се држев до работата во филмскиот бизнис иако секогаш имав потреба да побегнам со празен лист хартија, било да се работело за пишување, цртање или сликање на празно платно“, рече Деп и додаде дека сликањето е нешто што длабоко го исполнува.