Џон Мулејни и Оливија Мун се венчаа во тајност

Џон Мулејни и Оливија Мун се венчаа во тајност

пред 2 недели

Актерката Оливија Мун (44) и стенд-ап комичарот Џон Мулејни се венчале во тајност, дознава магазинот People.

Двојката се венча минатиот викенд на интимна церемонија во домот на пријател во американската сојузна држава Њујорк, изјави за медиумите извор близок на Мулејни.

На венчавката присуствуваа само сведокот и двегодишниот син на Оливија и Џон, Малком.

Добрата вест доаѓа откако актерката во март откри дека минатата година и бил дијагностициран рак на дојка.

„Ракот не се грижи кој си. Не е важно дали имаш бебе или немаш време. Доаѓа и немаш друг избор освен да се соочиш директно“, изјави Мун за магазинот People во март.

Таа имаше четири операции во период од 10 месеци, вклучувајќи и двојна мастектомија. Мун рече дека ракот немаше да биде пронајден до нејзиниот следен закажан мамограф, доколку нејзиниот лекар не одлучил да изврши проценка на ризикот од рак на дојка.

„Тоа ми го спаси животот“, вели таа.

Врската помеѓу Оливија и Џон стана позната во мај 2021 година.

Во септември истата година, Мулејни објави дека двајцата очекуваат дете.

Share
Scroll to Top