Џуд Ло во улога на Путин во филмот „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло во улога на Путин во филмот „Волшебникот од Кремљ“

пред 2 дена

Џуд Ло го игра рускиот претседател Владимир Путин во новиот политички трилер „Волшебникот од Кремљ“ кој премиерно ќе биде прикажан на Венецискиот филмски фестивал. Актерот вели дека не е загрижен за реакцијата на рускиот лидер.

„Се надевам дека не сум наивен, но не се плашам од последиците“, рече 52-годишниот актер на прес-конференција во Венеција.

„Волшебникот од Кремљ“ од францускиот режисер Оливие Асајас се натпреварува со уште 20 филмови за Златниот лав.

Во филмската адаптација на романот, Асајас го опишува искачувањето на Путин на позицијата руски претседател. Приказната е раскажана од перспектива на млад советник, кој го игра Пол Дано. Советникот е измислен лик, но се верува дека е базиран на реалниот руски политичар Владислав Сурков.

„Се чувствував сигурен во рацете на Оливие и неговото сценарио дека оваа приказна ќе биде раскажана на интелигентен, нијансиран и внимателен начин“, рече Ло.

„Не баравме контроверзии заради контроверзии. Тоа е лик во поголема приказна. Не се обидувавме да дефинираме ништо“, додаде тој.

Подготвувајќи се за улогата, Ло рече дека „се заклучил во глувчешка дупка“ и проучувал обемни видео снимки. „Најголемиот предизвик беше што јавните појавувања на Путин откриваат малку за тоа кој е тој навистина“, рече тој.

На прашањето дали улогата му донесе нешто позитивно, актерот рече: „Научив џудо“. Рускиот претседател е познат по боречката вештина.

Фото: ЕПА

Share
Scroll to Top